Апел до граѓаните за 1 мај: Да не ја загадуваме околината

Meckin KamenОпштина Крушево апелира до граѓаните и гостите во текот на утрешниот пикник во природа да ја зачуваат животната средина и отпадоците да ги фрлаат на соодветно место. Треба да работиме заеднички за подобра хигиена во нашиот гради и заедно да ја подигнеме свеста за одржување на јавната чистота.

Општина Крушево и јавното претпријатие „Комуна“ активно работат на подобрување на сликата за Крушево и на доопремување и дооспособување на комуналното претпријатие задолжено за јавната чистота. Паралелно со тоа, потребно е и граѓаните да се вклучат во одржувањето на нашата средина.