Цртан филм за деца и изложба на фотографии – 3 и 4 мај

Џиновска крушаНа 3-ти мај со почеток во 15 часот во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ Крушево ќе се емитува цртаниот филм „Џиновска круша“, а во 20:30 ќе започне изложба посветена на НОБ во авторство на слободниот уметник Марко Кројач.

„Џиновска круша“ е цртан филм наменет за деца до 10 години, а влезот ќе чини симболични 50 денари.

Изложбата на фотографии кои ќе ги илустрираат Светските војни, Народноослободителната борба и борците од бивша Југославија ќе започне во 20:30 часот во четврток и ќе трае до наредниот ден (4-ти мај, петок) до 15 часот. Влезот е слободен.