10-тина меѓународни параглајдинг натпревари ова лето во Крушево

Параглајдинг во КрушевоВо текот на целиот летен период во Крушево ќе се одржуваат меѓународни параглајдинг натпревари и покрај спортисти се очекува многу туристи да го посетат градот.

Дел од натпреварите во параглајдинг потврдени до овој момент се: Полиш лајт, од 2-ри до 7-ми јули, Европско првенство во змајарство, од 8 до 21 јули, Озон опен, од 22 до 28 јули, Крушево опен, од 29 до 4 август, Британски шампионат, од 12 до 17 август.

Се очекува официјална потврда за уште неколку параглајдинг натпревари, како БП куп, Македонија опен, Нордик опен и други.