Градоначалникот и директорот на „Комуна“ гости на „Водици“

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и в.д. директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески присуствуваа на денешниот настан „Водици“ и поделија симболични награди на капачите во Крушевско езеро.

На фрлањето на крстот во Крушевско езеро учествуваа 35 капачи, а Градоначалникот Христоски и директорот на „Комуна“ на фаќачот и на капачите им посакаа здравје, среќа и берикет оваа година.

„На сите капачи им посакувам здравје, среќа, успех и бериќет, како и на сите присутни и граѓани“, изјави Градоначалникот при честитките на најуспешниот во водите на Езерото Унча Бојаџиески.

Бојаџиески по втор пат е најуспешен во фаќањето на крстот, а од компанијата „Зегин“ доби бањарка и таблет.