Голем успех за крушевскиот пинг понг, Градоначалникот додели пофалница

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски додели Пофалница на младиот пинг понгар Теодор Волкановски за големиот успех што го постигна на државното школско првенство на Република Македонија.

DSC06138

Теодор Волкановски на школското првенство во пинг понг одржано минатиот петок(10.11.2017) го освои второто место и обезбеди уште еден медал на контото на пинг понгарскиот клуб „Крушево“.

За Градоначалникот Христоски ваквите успеси се причина плус за активно поддржување на спортот и негово развивање.

„Ова е голем успех за крушевскиот пинг понгарски клуб во низата успеси кои клубот ги забележува во неколкудецениското постоење. Ова е и доказ за нашата поддршка на клубовите од сите спортови и развој на спортот во Општина Крушево“, изјави Христоски.

DSC06140

Градоначалникот на Општина Крушево додаде дека се прават напори финансиски да се помогне овој клуб и перспективните пинг понгари како Теодор Волкановски.