Извидничкиот одред „Стара Корија“ од Крушево со акција за чистење на Крушевското езеро

Од страна на  извидничкиот одред „Стара Корија“ од Крушево беше организирана акција за чистење на Крушевското езеро.

Членовите на новоформираното здружение несебично дадоа свој придонес во разубавувањето на Крушево и зачувувањето на природата околу Крушевското езеро.

Нивниот  апел до сите граѓани и посетители на Крушево е  да ја чуваат природата а со тоа и чистотата и убавината на нашето Крушево.