Завршени инфраструктурните зафати во викенд зоната „Вршник“

Завршија инфраструктурните зафати во викенд зоната „Вршник“.

Изградени се атмосферска и фекална канализација, се изврши асфалтирање на улиците и поплочување нa тротоарите. Поставена е водоводна мрежа  низ населбата, поставена  е и поврзана електрична инсталација  и пречестителна станица.

Со ова се овозможува од наредната градежна сезона да се отпочне со изградба на 20-те викенд куќи чии парцели се веќе продадени.

Останати се уште две парцели за викенд куќи и една парцела за мал комерцијален објект.