Состојбата со коронавирусот е критична, сите сме одговорни

Почитувани сограѓани,

Повиците на целиот медицински персонал во Крушево се се’ погласни. Нашите сограѓани доктори, медицински сестри и сите што работат во здравствен дом крушево повикуваат на свест, разум и помош за справување со коронавирусот и намалување на штетите предизвикани од истиот.

Апелирам граѓаните да бидат одговорни и доколку чувствуваат симптоми да останат во своите домови и веднаш да комуницираат со своите матични лекари. Да бидеме одговорни и да мислиме на себе, на нашите блиски и на сите останати во спречување на ширењето на заразата.

Здравствените работници се исцрпени, но подготвени се да продолжат со нивната работа за заштита на сите нас. Заради нивниот придонес треба и сите ние да помогне и заедно да излеземе посилни од оваа криза и да спасиме човечки животи.

Да носиме маска, држиме растојание и одржуваме лична хигиена. Симптомите веднаш да ги пријавуваме кај матичен лекар и во таква ситуација да останеме во нашите домови без контакти со повеќе луѓе.

Од оваа криза можеме да излеземе посилни, но тоа зависи исклучиво од нас.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски.