„Од срце за Тоше“ – точакџиите се поблиску до Крушево

Тиквешките точакџии и оваа година во чест на Тоше ќе возат низ цела држава за да пристигнат до Крушево и да оддадат почит на музичката ѕвезда.

Овој херојски зафат е насловен „Од срце за Тоше“ и започна на 20-ти септември, а пристигнувањето во Крушево ќе се случи на 24-ти. Заради корона кризата точакџиите возат само низ Северна Македонија, а не како минатите години од Нова Градишка, Хрватска, до Крушево.

„И оваа година ќе ги пречекаме овие почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески. Го презеле овој сериозен зафат само за да оддадат почит на нашиот сограѓанин и музичка ѕвезда.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Општина Крушево ја привршува изградбата на вечното почивалиште на Тоше со што пејачот ќе добие достојно спомен обележје.