Ќе се поставува нова ограда на браната на Крушевско Езеро

Општина Крушево објави тендер за набавка и монтажа на ограда на браната на Крушевско Езеро со што ќе се замени постоечката која е оштетена и нецелосна и ќе се осигура повисоко ниво на безбедност на ова место каде што гравитираат многу крушевчани и туристи.

„Ја менуваме оградата која ова прекрасно место го правеше небезбедно и неестетско. До тука изградивме асфалтен пат што придонесе за многу туристи и наши сограѓани да доаѓаат тука за прошетка, спорт или пикник. Сега со поставување на нова ограда ќе го разубавиме местото и браната ќе биде безбедна за сите кои го користат овој простор. Реализираме уште едно барање на граѓаните“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Оваа активност општина Крушево ја спроведува со поддршка на НЛБ банка и градоначалникот Христоски упатува голема благодарност до општествено одговорната НЛБ банка за финансиската поддршка.

Огласот за јавна набавка на следниот линк.