Од наредна недела започнува изградбата на објект на полетиште

Денеска беше направен вовед во работа на изведувачот и надзорот на проектот за изградба на објект на полетувалиштето за параглајдинг на Мечкин Камен. Се очекува компанијата изведувач да започне со работа уште наредната недела.

„Започнуваме со реализација на уште еден голем проект, можеби најважен кога се работи за параглајдингот и авантуристичкиот туризам во Крушево. Со имплементацијата ќе се решат клучните проблеми на параглајдеристите и ќе се задоволат нивните барања и потреби“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по средба со претставници на изведувачот и надзорот на проектот.

За овој проект Владата на Република Северна Македонија одвои 4 милиони денари.