Честит Ден на пожарникарите

Почитувани,

Пожарникарите се секогаш на браникот на заштитата на граѓаните и животната средина. Нивната работа доаѓа до израз уште повеќе во овие кризни моменти.

Сакам на сите пожарникари, а особено на вработените во Територијалната противпожарна единица во Крушево да им го честитам Денот на пожарникарите, да им посакам здравје, среќа и успех во работата. Благодарни сме за вашата работа која често пати носи со себе голема опасност.

Инвестирањето во ТППЕ Крушево го правиме постојано. Набавивме ново возило, обезбедивме опрема за вработените и ја даваме секоја поддршка за нивна безбедна и успешна работа. Општина Крушево ќе продолжи да вложува во Единицата и со тоа ќе изразуваме благодарност за нивната заложба и професионалност.

Уште еднаш, нека е честит Денот на пожарникарите.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски.