Реконструкции на „летна сцена“ и улично осветлување – реализирани проекти во 2019

Во 2019 година локалната самоуправа ја реконструира и врати во употреба т.н. летна сцена која беше оставена да се уништува и сериозно вложи во подобрување на уличното осветлување.

„Летната сцена“ во Крушево се наоѓа позади музејот на НОБ и со години беше нефункционална и не се водеше грижа, а ова место е препознатливо кај крушевчани и кај туристите како место каде се одржувале театарски претстави, концерти и проекции на филмови. Сцената беше отворена со концерт во чест на Тоше Проески на 5-ти август 2019 во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

Во 2019 година општина Крушево сериозно се зафати и со подобрување на уличното осветлување во градот и населените места. Со нови ЛЕД сијалици беа осветлени центарот на градот, главната сообраќајница и хотелите, додека навремено се променуваа и се поставуваа нови сијалици. Општина Крушево доби подобро и истовремено поекономично осветлување.

*Овој напис е дел од серијата објави за реализирани проекти и активности на општина Крушево во 2019 година

Линк до реализирани проекти: https://krusevo.gov.mk/?p=10455