Започнува реконструкцијата на патот Крушево – Пуста Река

Започнува реконструкција на регионалниот пат Крушево – Слива – с. Пуста Река кој општина Крушево го имплементира со Јавното претпријатие за државни патишта.

„Овој пат е едно од поголемите барања на крушевчани и жителите на населените места Пуста Река и Дивјаци и еве конечно ќе се реконструира овој видно оштетен пат. Со оваа реконструкција ќе се реконструира и дел од патот кој води до манастирот Св Преображение кој не беше опфатен при изградбата на патот до манастирот“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Оваа делница е во должина од 15 километри а ќе бидат опфатени делови од регионалниот пат од спомен куќата „Тодор Проески“ до спортската сала, покрај средното училиште, угостителски објекти и до споменикот Слива.