Општина Крушево се приклучува на акцијата за чистење на јавната администрација

Почитувани,

Општина Крушево се приклучува на големата акција за чистење која ќе ја спроведе државната администрација утре, 14.12.2019, заедно со иницијативата „Не биди ѓубре“.

Општина Крушево ги повикува сите институции кои имаат свое седиште, канцеларија и единица во Крушево да се приклучат на оваа акција за унапредување на чистотата и заштита на животната средина.

Сите вработени во институции, здруженија и граѓани утре, сабота, 14.12.2019, во 8:30 часот да бидат во градскиот парк во Крушево од каде што ќе започне акцијата, а конкретните насоки и точните локации за чистење ќе бидат дадени на лице место.

Акцијата ќе трае до 12 часот.

Заедно за почисто Крушево!

Со почит,
Општина Крушево
13.12.2019