Член 20
Советот на општината е претставнички орган на граѓаните.
Советот на општината го сочинуваат 11 (единаесет) претставници на граѓаните, избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години.
Членот на Советот не може да биде отповикан.
Членовите на Советот ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по свое уверување.
а) Надлежности на Советот
Член 21
Советот на општината ги врши следниве работи:
1. Донесува Статут на општината;
2. Донесува Деловник за работа на Советот;
3. Донесува Програма за работа;
4. Донесува Буџет на општината и Годишна сметка на Општината;
5. Ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите;
6. Донесува Генерален урбанистички план;
7. Донесува Детални урбанистички планови,урбанистички план за село и урбанистички план за вон населено место во општината и друга урбанистичка документација;
8. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата,локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата,социјалната заштита и заштитата на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита,во рамките на надлежноста определена со посебен закон или во согласност со национална програма;
9. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште;
10. Донесува Програма за одржување на сообраќајна сигнализација;
11. Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот;
12. Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
13. Донесува Програма за јавно осветлување;
14. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи;
15. Донесува Програма за одржување на јавната чистота;
16. Допнесува Програма за одржување и користење на парковите и други јавни површини од локално значење;
17. Донесува Програма за одржување на гробиштата;
18. Донесува Програма за одржување и користење на реките во урбанизираните подрачја;
19. Донесува Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја;
20. Донесува Програма за спроведување на аерозапрашување на подрачјето на општината;
21. Донесува Одлука за комунален ред;
22. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;
23. Донесува одлука за авто такси превоз;
24. Донесува Одлука за користење и одржување на јавните пазаришта;
25. Донесува Одлука за користење и одржување на гробиштата;
26. Донесува Одлука за подигање,чување,одржување,заштита и користење на спомен обележјата;
27. Донесува Одлука за висината на комуналните такси;
28. Одлука за висината на стапката на даноците на имот;
29. Го уредува начинот на чистењето на оџаците;
30. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење;
31. Определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење;
32. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог на Градоначалникот;
33. Основа јавни служби, врши надзор над нивната работа и дава согласност на Статутот;
34. Именува членови во управните одбори на јавните служби,кои ги основа;
35. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
36. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење во согласност со закон;
37. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби кои ги основала општината;
38. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
39. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината,во согласност со закон;
40. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи, во согласност со закон;
41. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот правобранител;
42. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерсвото за внатрешни работи од областа на јавната безбедноаст и безбедноста во сообраќајот;
43. Избира и разрешува Претседател на Советот;
44. Формира постојани и повремени комисии;
45. Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата за општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината;
46. Востановува општински признанија и награди;
47. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на општината;
48. Врши други избори и именувања од своја надлежност;
49. Донесува други одлуки за работи од своја надлежност;
50. Врши и други работи утврдени со закон.
в ) Права и должности на членовите на Советот
Член 25
Членот на Советот има права и должности утврдени со закон и со овој Статут .
Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот .
Член 26
Членовите на Совето имаат право и должност да присуствуват и да учествуваат во работата на Советот и на неговите постојани и повремени комисии.
Членот на Советот има право и должност :
да предлага претресување на прашања , појави и состојби што се од локално значење , како и од значење за граѓаните во Општината ;
да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот , како и да предлага амандмани , на начин и по постапка предвидени во Деловникот ;
да бара од администрацијата на Општината ( во натамошниот текст : администрација ), како и од јавните служби , установи и претпријатија и од други институции , основани од Општината , податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг , а што му се потребни за неговата работа во Советот ;
да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот , во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот , односно комисија во која членува ;
да ги чува како тајна податоците , кои се класифицирани како такви , што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија .
Членот на Советот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Советот.
Работодавецот е должен да го ослободи од професионалната работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или на комисиите во кои е член.
Членовите на Советот имаат и други права и должности утврдени со Статутот и други прописи.
(Статут на општината)