7 нови контејнери за општина Крушево

Општина Крушево доби 7 нови контејнери со кои ќе ја подобрува јавната чистота и, истовремено, го доопремува јавното комунално претпријатие.

„Преку проект на здружението „Добредојде Macedonia Welcome Center“ организираме голема акција за чистење и преку Словачката амбасада добиваме нови 7 контејнери кои се веќе во Крушево. Работиме активно на јавната чистота со, од една страна опремување на ЈКП „Комуна и, од друга страна, со подигање на свеста кај граѓаните“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Контејнерите се набавени преку Амбасадата на Словачка и нивната програма Slovakia Aid, а со цел подобрување на јавната хигиена во општина Крушево под мотото на проектот „За чисто Крушево“, спроведуван Здружението „Добредојдовте Macedonia Welcome Center“.