Уште една голема акција за чистење на Крушево

Општина Крушево во соработка со Здружението „Добредојде Macedonia Welcome Center“, Амбасадата на Словачка во Република Северна Македонија и неколку други Амбасади, здруженија и институциите утре, петок 04.10.2019, организираат уште една голема акција за чистење на градот.

Настанот под мотото „За чисто Крушево“ ќе започне во 11 часот на градски парк со обраќање на претставник од Здружението „Macedonia Welcome Center“, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и Амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш и со музичка и ликовна програма подготвена од учениците од ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“.

По завршувањето на кратката програма секој учесник ќе добие кеси, заштитни ракавици и вода и со тоа официјално ќе започне акцијата за чистење на градот.

Настанот завршува со завршна церемонија во 15 часот исто така на градскиот парк.