Секој ден од 9 до 11 часот граѓаните ќе можат да разговараат со градоначалникот

Почитувани,

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од своето доаѓање на позицијата е отворен со граѓанините и достапен е во секое време. Без разлика што четврток е денот кога граѓаните можат да доаѓаат на средба во кабинетот, градоначалникот секој ден прима и разговара со граѓаните и во кабинетот и надвор од него.

Со цел да се овозможи повеќе простор за комуникација со службите, поголема ефикасност на администрацијата, но и помали чекања на странките т.е. граѓаните и други, сите оние кои сакаат да разговараат со градоначалникот на општина Крушево тоа ќе можат да го прават секој ден од 9 до 11 часот почнувајќи од утре, 01.10.2019.

Градоначалникот Томе Христоски секогаш ќе биде отворен со граѓаните и напоменуваме дека надвор од овие термини сите странки нема да бидат примени во интерес на подобра организација, поголема ефикасност на службите, комуникација на градоначалникот со вработените и поголем ред во приемот и разговорот со граѓаните.

Со почит,
30.09.2019

Please follow and like us:
Share