Фестивалот Taste Krusevo ги исполни очекувања

Викендот што изминува од 27-ми до 29-ти септември во Крушево се одржа Фестивалот на храна и култура „Taste Krusevo“ кој донесе гости и учесници од цела држава и соседна Србија.

На настанот учествуваа 40-тина учесници од 8 средни училишта, а како гости присуствува неколку државни универзитети.

Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски фестивалот ги исполни очекувањата и најави дека општината ќе работи овој настан да прерасне во европски рамки.

„Имавме уште еден исполнет викенд во кој дегустиравме храна, ги посетивме најзначајните знаменитости на градот и учесници од државата и соседна Србија се натпреваруваа во подготовка на крушевскиот специјалитет чомлек. Благодарност до организаторот и сите што го поддржаа овој настан и догодина да го направиме уште поголем“, рече градоначалникот на општина Крушево.

Настанот беше во организација на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, а поддржан од општина Крушево, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Центар за средно стручно училиште, Локален младински совет, Викенд во Крушево како и многу локални угостители – пицерија Скар Крушево, пицерија Рома, Крушевска одаја, хотелите Монтана Палас и Панорама Спа, ресторан Шапе, ресторан Либра и Гостилница Марчело. Како генерален спонзор се јави компанијата Витаминка.