Целосна програма за ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“

Како што беше најавено, оваа година ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ ќе содржи три трки во рамки на трите дена од настанот.

Трките ќе се одржат во петок, сабота и недела (23, 24 и 25.08.2019) со почеток во 9 часот наутро на регионалниот пат од Кривогаштани до Крушево во повеќе дисциплини. На официјалниот банер подолу можете да ја погледнете точната сатница за настанот. Општина Крушево ги известува граѓаните дека во периодот од 9 до 11 часот во рамки на трите дена од настанот патот од Кривогаштани до Крушево ќе биде затворен за сообраќај.

Отворањето ќе се случува во петок, во 18 часот во спомен куќата „Тодор Проески“, додека затворањето на настанот и прогласувањето на победниците ќе се одржи во недела на граскиот плоштад со почеток во 13 часот.