Средба на градоначалникот Христоски со градоначалникот на општина Пантелеј, Ниш, Србија

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со претседателот на општина Пантелеј, град Ниш, Република Србија, Братимир Васиљевиќ.

Повод за денешната средба е 16-тото Светско првенство во параглајдерство кое се одржува во Крушево, а во Србија ќе се одржи Европско првенство во истиот спорт.

Градоначалниците разговараа и за нивната работа во општините и како Ниш и Крушево би можеле да соработуваат, особено во областа на авантуристичкиот туризам.