Се санираат дел од подрачните училишта, продолжува реконструкцијата на улици во градот

Во подрачното училиште во с. Норово денеска се врши санација со бојадисување на ѕидовите од училниците, а дополнително ќе се санира и училиштето во населеното место Пресил.

Од денес започна реконструкција на дел од улицата Нико Доага, а претходно се изврши бојадисување на училниците во училиштето во с. Бучин.

„Продолжуваме со активностите и во градот и во населените места. Скромно ги санираме подрачните училишта, а од денес продолжуваме со реконструкција на улици во градот, она што граѓаните веќе некое време го бараа додека се работеше во населените места. Продолжуваме со работа во цела општина со цел подобрување на изгледот и полесно функционирање на граѓаните“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.