Јавен повик за општо-корисна работа
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крушево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Поддршка на заедницата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Крушево” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- самохрани родители
- родители на 3 и повеќе деца
Заинтересираните невработени лица е потребно да се со следниве квалификации:
- комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност и одговорност.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
- образовен асистент – 2 извршители (во времтраење од 9 месеци)
со завршено високо образование и тоа:
- дипломиран психолог
- дипломиран педагог
- дипломиран дефектолог
- дипломиран професор по одделенска настава
- дипломиран наставник по одделенска настава
- дипломиран учител
- дипломиран професор
- било кое високо образование со сертификат за психолошко-педагошка и методолошка дообразба
- стекнат сертификат за образовен асистент
Работниот ангажман за образовните асистенти ќе се одвива во просториите на ООУ „Никола Карев“ Крушево и СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево.
- неговател на стари и изнемоштени лица во домашни услови – 4 извршители (во времтраење од 6 месеци)
со завршено образование и тоа:
- ССС било кое четиригодишно средно образование
- ССС било кое тригодишно средно образование
- медицинска сестра – средно образование
- физиотерапевт – средно или високо образование
- стекнат сертификат/лиценца за неговател на стари и изнемоштени лица
Работниот ангажман за негователите на стари и изнемоштени лица во домашни услови ќе се одвива во Крушево.
- неговател на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево – 1 извршител (во времтраење од 6 месеци)
со завршено образование и тоа:
- ССС било кое четиригодишно средно образование
- ССС било кое тригодишно средно образование
- медицинска сестра – средно образование
- стекнат сертификат/лиценца за работа со лица со попречености
Работниот ангажман за неговател на лица со попречености ќе се одвива во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево
- едукатор на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево – 1 извршител (во времтраење од 6 месеци
со завршено високо образование и тоа:
- дипломиран психолог
- дипломиран социлог
- дипломиран педагог
- дипломиран дефектолог
- дипломиран социјален работник
- дипломиран професор по одделенска настава
- дипломиран наставник по одделенска настава
- дипломиран учител
- дипломиран професор
- било кое високо образование со сертификат за психолошко-педагошка и методолошка дообразба
- стекнат сертификат за работа со лица со попречености
Работниот ангажман за едукатор на лица со попречености ќе се одвива во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево во периодот од 05.08.2019 година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 16:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Крушево и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Крушево кај лицето Елена Илиеска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево кај лицето Евгенија Петроска, Центар за социјлна работа Крушево кај лицето Василика Чавкароска.
ОПШТИНА КРУШЕВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
м-р ТОМЕ ХРИСТОСКИ
_____________________