Бројот на туристи во мај зголемен за 35 отсто

Бројот на посетители на Крушево во месец мај 2019 бил за 35 отсто поголем во споредба со истиот месец лани од засега неофицијални информации.

„Ако во првото тромесечие имавме раст од околу 30 отсто во споредба со истиот период во 2018 година, само во месец мај имаме зголемување од над 35 проценти. Тоа е резултат на промоцијата, богатата програма и сите содржини од областа на активниот туризам кои се нудат во градот и овие податоци покажуваат дека имаме континуитет во зголемувањето на бројоките на ноќевања и туристи.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Претходно, на порталот faktor.mk беше објавено дека бројот на ноќевање во 2018 година е зголемен за неверојатни 50 проценти во споредба со 2017 година.