Апел до сопствениците на коњи кои пасат во близина на музеите во Крушево

Почитувани,

Апелираме до сопствениците на коњи, чии домашни животни се движат во дворното место на НУ спомен куќа „Тодор Проески“ и на месноста „Гумење“, да се погрижат истите да не гравитираат околу овој простор и да не пасат во дворните места на музеите. Овој апел го испраќаме заради безбедноста на граѓаните и посетителите и заради самиот изглед на спомен куќата, Историскиот музеј, „Гумење“ и локалните ресторани.

Овој апел е со намера на најдобронамерен начин да се реши овој проблем за што големи поплаки стигнуваат до општина Крушево и до градоначалникот Томе Христоски.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,
Општина Крушево.