Крушево со многу параглајдеристи од Европа, во тек е Крушево Озон опен

На полетувалиштето на Мечкин Камен се одвива меѓународното параглајдинг првенство Крушево Озон опен со учесници од повеќе земји од Европа.

Првенството започна на 13-ти јули и ќе трае до 20-ти овој месец, а веднаш по него доаѓа Фајлмастер опен и од 5-ти август Светското првенство во параглајдерство.