400 квадрати Бехатон за Норово, продолжува реконструкцијата на улици

Дополнителна количина на Бехатон плочки веќе пристигнува во с. Норово што ќе овозможи продолжување со реконструкција и санација на започнатата улица во ова населено место.

Во текот на денешниот ден ќе пристигнат околу 400 квадратни метри плочки, а ЈП „Комуна“ ќе продолжи со работа во наредните денови.

„И оваа година, како и минатата, предвидовме реконструкција на улици во градот и населените места. Во моментов работиме на реконструкција на улици во населените места Саждево, Алданци, Норово и Свето митрани, како и во град Крушево, на улицата партизанска“, порача градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.