Информативен корнер: Биди информиран, биди активен чинител во креирањето на буџетот во твојата општина

Во просториите на општина Крушево денес се одржа информативниот корнер во организација на Finance Think под наслов „Биди информиран, биди активен чинител во креирањето на буџетот во твојата општина“.

На информативниот корнер, но и по неговото одржување, граѓаните можат да се информираат за учеството во креирањето на буџетот на општина Крушево преку материјалите кои се изложени во општината, а се однесуваат на темата на партиципативно буџетирање.

Подолу можете да погледнете фотографии од настанот.