Утре акција за чистење на градот, сите заинтересирани граѓани да земат учество

Утре, 21.03.2019, Општина Крушево во соработка со јавното претпријатие „Комуна“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“ организираат акција за чистење на градот со почеток во 11:00ч.

Во текот на акцијата ќе се опфатат четири (4) локации:

  1. На влез на град Крушево,
  2. Од „Тагас“ кон хотел Монтана Палас,
  3. „Гумење“, и
  4. Мечкин Камен.

Покрај екипите на „Комуна“, учениците и вработените во локалната самоуправа ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да учествуваат во оваа акција за почисто Крушево. Заинтересираните можат да одберат една од наведените локации и во 11 часот да бидат на локациите од каде што ќе започнува чистењето.