Општина Крушево е супербренд за туризам за 2018 година

Општина Крушево е бренд за 2018 година во областа туризам и е единствената општина која е дел од Супербрендс изданието.

Општина Крушево е избрана за супербренд во конкуренција на 1 200 компании, институции и организации со гласовите на над 5 000 потрошувачи и стручно жири.

Во рамките на промоцијата која се одржа на 7-ми февруари 2019 година во хотел Александар Палас во Скопје градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го прими признанието и посочи дека во 2018 година Крушево има пораст од 70 отсто во бројот на туристи.

„Во споредба со 2017 година, во 2018 година Крушево има 70 отсто повеќе посетители и годинава во Крушево со одржува Светско првенство во параглајдерство“, изјави градоначалникот Христоски.

Христоски се заблагодари на организаторите на настанот и Супербрендс и ги покани присутните да го посетат Крушево.