Затворање на Европско и Светско првенство во змејарство

Денес (21.07.2018) со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ се одржа манифестацијата за затворање на Европското и Светско првенство во змејарство. Беа доделени награди во тимска и поединечна конкуренција за Европското и Светското првенство, а како најуспешни беа натпреварувачите од Италија.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ја додели наградата на светскиот шампион и на натпреварувачите им посака успех во понатамошната кариера.