Поставен видео надзор на полетиштето на Мечкин камен

KameraНа полетиштето на Мечкин Камен поставена е термална камера која ќе служи како надзор, особено во вечерните и ноќни часови.

Оваа опрема е набавена и поставена од страна на Хели ХЦ клубот од Крушево, Делта и Скај Рајдерс од Прилеп, ХСЦ од Охрид и општина Крушево, како и на неколку индивидуалци кои придонесоа кон техничките работи.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски најави дека со ова просторот ќе биде обезбеден и ќе се спречат евентуални деструктивни делувања на новоопременото полетиште.

„Со ова ќе се пресретнат сите обиди да се наштети на новоопременото полетиште и ќе придонесе истото да се зачува и трае.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.