10 000 литри нафта за „Комуна“ од Животна средина и Дирекцијата за резерви на нафта

35923483_10212513507419451_6168866522291765248_nДиректорот на јавното претпријатие „Комуна“ Наум Илиески преку Министерството за животна средина и Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати обезбеди 10 000 литри нафта за потребите на претпријатието.

Во текот на денешниот ден нафтата беше транспортирана до Крушево и складирана во просториите на „Комуна“.

За директорот Илиески оваа донација ќе ја олесни работата на претпријатието и дополнително финансиски ќе ја подобри состојбата.

„Голема благодарност до Животна средина и Дирекцијата за резерви на нафта за овие 10 000 литри кои значително ќе ни ја олеснат работата и ќе отстранат многу пречки при реализирањето на потребите и барањата на граѓаните, како и за зафатите кои ги планираме во иднина.“, изјави Наум Илиески.