„Чорбаџи Теодос“ во присуство на внуката на Васил Иљоски

Денес,09.06.2018, со почеток во 18:30 беше отворен настанот „Вечери во чест на Васил Иљоски“ со претставата „Чорбаџи Теодос“ во изведба на учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“.

На настанот присуствуваше внуката на Васил Иљоски Иванка Иванова која допатува од Бугарија за да присуствува на настанот во чест на нејзиниот роднина.

„Вечери во чест на Васил Иљоски“ продолжува утре со претставата „Солунски патрдии“ исто така во 18:30 часот.