Бадникова поворка во Крушево, коледарчињата дарувани од градоначалникот и вработените во локалната

Денес, 6-ти јануари 2018 година, во Крушево се одржа Бадникова поворка во организација на Храмот Свети Никола, учениците од ООУ „Никола Карев“ и Локалниот младински совет.

Коледарските дечиња се движеа по улиците на Крушево и го најавуваа Христовото раѓање со песна и беа дарувани со посна храна од страна на граѓаните.

Учениците ја посетија и општинската зграда каде што Сотир Габелоски во име на Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и вработените во локалната самоуправа ги даруваше децата со овошје и костени.