Крушево домаќин на Интернационален натпревар во ориентација

На ден 29-ти септември, петок, со старт во 15:00 часот, Ориентациониот клуб „Златоврв“ од Прилеп ќе организира Интернационален спортски натпревар во ориентација во Крушево.

Оваа година, на шестиот по ред натпревар,  ќе се натпреваруваат околу 200 натпреварувачи од 14 земји од Европа и други континенти.

Со овој настан, Крушево уште еднаш се става на мапата на екстремните спортови и станува главен туристички центар на голем број посетители, вљубеници во овие спортови.

Освен промоција на Крушево со целокупната своја туристичка понуда како центар за екстремни спортови, целта на овој натпревар е и промоција и доближување на овој спорт до што повеќе граѓани и запознавање со убавините и предизвиците на овој спорт.