Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески во посета на вработените во погонот на текстилната компанија ФАЛКО

Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески денес ги посети вработените во текстилната компанија ФАЛКО кои работат во погонот во Крушево.

Интересирајќи се за актуелната состојба на вработените, ги информираше за идните планови насочени кон функционирање на погонот во Крушево и им вети безрезервна поддршка од страна на локалната самоуправа.

Отворањето на нови работни места секогаш ќе биде приоритет на Градоначалникот и локалната самоуправа од Крушево.