Кому оди во прилог уништувањето на полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен?

14996343_1243621465660082_848628494_n

Поведени од последните случувања на полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен каде вештачката трева беше намерно исечена и откорната со цел уништување на стартот за полетување, Општина Крушево апелира до граѓаните на Општина Крушево да не ја оштетуваат и уништуваат поставената инфраструктура и да се стават во нејзина заштита.

Полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен е во првите десет светски топ дестинации за параглајдинг и е основен предуслов за развој на летниот активен, авантуристички туризам во Крушево.

Општо добро кое сите ние треба заеднички да го чуваме и одржуваме.