Тутунскиот комбинат СЕКЕ донира во спортот во Крушево

Како општествено одговорна фирма, тутунскиот комбинат СЕКЕ СА го поддржа фудбалскиот клуб „Питу Гули“ – Крушево.

Донирана е  комплетна спортска опрема за фудбалерите на ФК „Питу Гули“ (копачки, дресови, штуцни)  како и косачка за трева, потребна за одржување на фудбалскиот стадион.

Донацијата е со вкупна вредност од 3.000 ЕУР.