Христоски: 2021 да ја памтиме по убави нешта

Драги сограѓани,

Позади нас е една тешка година, а новата ја започнуваме со голема доза на оптимизам, ентузијазам и големи очекувања.

Новата 2021 година ја започнуваме со уште поголеми амбиции за нови проекти, за уште поголема градежна експанзија и решавање на историски проблеми. Но, најважно од се е да се справиме со коронавирусот и силно верувам дека како држава и како општина ќе се справиме со овој така наречен невидлив непријател кој ја одбележа целата 2020-та година.

На личен план, на сите мои сограѓани сакам да им посакам пред се здравје, затоа што увидовме дека здравјето е најважно од се. Потоа, ви посакувам успех на професионален план и тоа да ве доведе до голема среќа Вас и Вашите најблиски.

2021-ва нека биде убава година на која ќе се сеќаваме долго.
Среќна Нова 2021 година.
Да празнуваме одговорно.

Ваш градоначалник,
Томе Христоски.