Општината ќе работи на проекти со министерството за земјоделие, средба на градоначалникот со министерот и директорот на Секе

Во посета на општина Крушево денес е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски кој сотвари средба со градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски. На средбата се разговараше за имплементацијата на тековните проекти и воспоставување на соработка за имплементација на проекти заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот и градоначалникот ја посетија и фабриката за производство и преработка на тутун Секе и се запознаа со работата на фабриката во разговор со генералниот директор Јане Станкоски.