Дезинфекција во институции, банки, локална и ТППЕ Крушево

Денес општина Крушево дезинфицираше во институции, банки, пошта, суд, МВР, управата за јавни приходи и други субјекти на територија на град Крушево.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порача дека се преземаат сите мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Ги преземаме сите мерки и токму дезинфекцијата е дел од тој процес. Обезбедуваме безбедна средина за граѓаните и за туристите во пресрет на отворањето на сместувачките капацитети. Ја следиме ситуацијата на терен и гарантирам дека Крушево ова лето ќе биде едно најбезбедните места и за граѓаните и за туристите“, изјави градоначалникот Христоски.