Реализација на еден од најголемите проекти во општина Крушево

Реконструкцијата патот стопанство – Алданци – Норово продолжува денес. Овој проект е еден од најголемите и најбараните во населените места во општина Крушево и истиот се имплементира благодарение на Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта.

„Како што ветивме, така и реализираме. Патот стопанство – Алданци – Норово е еден од најголемите во Крушево и истиот е дел од вкупно 40 километри изградени и реконструирани патишта на цела територија на општина Крушево во 2 и пол години. Најавуваме реконструкција и изградба на уште 50 километри улици и патишта. Продолжуваме!“, изјави градоначалникот на општина Крушево од с. Норово.

Должината на патот стопанство – Алданци – Норово изнесува 7 километри и истиот претставува поврзување меѓу општините Крушево и Долнени. Имплементиран е од страна на општина Крушево и Јавно претпријатие за државни патишта.