Скијачкиот центар во Крушево подготвен за туристите

Терените на скијачкиот центар Станич се подготвени и жичарницата заедно со ски лифтот се отворени за туристите. Моменталната состојба на скијачките терени можете да ја следите и преку интернет страницата skimacedonia.mk, каде што во функција е и 24-часовно следење во живо.

Линкот за следење е следниот: https://skimacedonia.mk/webcams/

Веб платформата Ски Македонија на својот Твитер профил вчера (13.01.2020) објави дека се е подготвено за скијање и уживање на убавото време на Станиќ.