Бизнис можностите на Крушево во печатеното издание „Бизнис адресар на Северна Македонија“

Општина Крушево доби копии од изданието „Business Directory of North Macedonia“ (Бизнис адресар на Северна Македонија) и истото ќе биде достапно во сите дипломатски претставништва на државата во Европа и Светот.

Презентацијата за општина Крушево е објавена и на официјалната интернет страница на меѓународно признатата маркетинг агенција Балканика, која досега е прегледана над 26 000 пати што е рекорд кога се работи за презентациите на општините кои досега биле објавени.

Подолу можете да ја погледнете електронската верзија од презентацијата: http://www.balkanika-publishing.com.mk/images/presentations/Municipality%20of%20Krushevo%20.pdf