Закажан тест натпреварот за Светското првенство во змајарство 2021

Од 26-ти до 31-ви јули 2020 г. во Крушево ќе се одржи тест настан како подготовка за Светското првенство во змајараство кое ќе се одржи во 2021г. во Крушево.

Според информациите на официјалната интернет страница http://hgworlds2021.mk/ целта на овој настан е учесниците на 23-тото Светско првенство во змајарство е да ги запознае со условите за летање, со локалните култура и население и да овозможи комуникација меѓу самите натпреварувачи.

На полетиштето на Мечкин Камен минатата 2018 година се одржа Европското првенство во змајарство, а годинава во август месец се одржа 16-тото Светско првенство во параглајдерство. Покрај ова, Крушево од наредната година ќе биде и тест центар за нови произведувачи на падобрани.