Одделение за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина

Контакт телефон на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина:
тел. : 048/477-076

Раководител: Васил Јошески тел. 075 453 708

Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина,ги врши работите што се однесуваат на :

– следење на законските и подзаконските акти од областа на урбанизмот, посторното планирање, заштитата на животната средина,комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура и истите ги применува,

– следење на состојбата во областа на урбанизмот на подрачјето на Општината и покренува иницијативи и предлози за донесување или изменување на детални урбанистички планови,

– следење на состојбите и организира изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици;

– прибирање на податоци и стручно обработува барања и иницијативи од физички и правни лица за измени на ДУП;

– подготвување на документацијата и информациската основа за покренување постапка за изработка, донесување и измена на ДУП;

– изработка на програми за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општината;

– работи со јавно осветлување на населените места на подрачјето на општината;

– следење на состојбите со уредување и одржување на јавното зеленило;

– работи кои се поврзани со Законот за комунални дејности;

–  учествува во изготвување на програми и извештаи и ја следи проблематиката од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура,

–  уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници,

–  грижа за изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација, изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање,

– регулирање на режимот на сообраќај,

– анализа на состојбата и дава иницијативи за нивно разрешување од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура,

– следење на состојбите сврзани со работи од заштита на животната средина и нејзино унапредување;

– и други работи согласно законите и другите прописи.