Одделение за правни и општи работи и јавни дејности

Контакт телефон на Одделение за правни и општи работи и јавни дејности     тел. 048/477-061

Раководител: Мина Миленкоска тел. 075 499 180

Одделението за правни и општи работи и јавни дејности ги врши работите што се однесуваат на:

-подготвување на нормативните акти (одлуки и други општи акти) од надлежност на Советот и Градоначалникот на општината;

– давање на мислење на прописи од аспект на нивна законитост кога предлагаат други органи;

– вршење на стручни и организациски работи за функционирање на Советот и неговите тела, односно Градоначалникот на општината,

– организирање, грижа за работата на Месната самоуправа;

– грижа за извршување на одлуките од надлежност на Советот,

– правна помош на граѓаните, постапува по претставки и предлози;

– информирање на корисниците на услугите за полесно остварување на нивните права;

– информативни и протоколарни работи за потребите на Советот и Градоначланикот;

– подготовки за цивилна заштита;

– канцелариско работење кое го опфаќа приемот, отворањето, евиденцијата и испраќањето на актите на органите на општината, архивското работење, дактилогравските работи, секретарски работи за Градоначалникот и Претседателот на Совет,

– основање,и администрирање на основните и средните училишта во согласност со закон;

– следење на состојбите во делот на прашањата, проблемите и потребите на етничките заедници и предлага мерки и активности за нивно разрешување, во рамките на надлежностите кои Општината задолжително ги извршува;

-давање мислење и анализа на програмите, извештаите и други акти на училиштата, пред усвојувањето во Советот;

– следење на работата на училишните одбори и постапката за избор на директори на училиштата;

-институционална поддршка на културните установи и проекти;

-изготвување проекти и програми за организирање културни манифестации;

– следење на културните манифестации во општината;

-развој на масовниот спорт и рекреативните активности;

-организирање спортски активности и манифестации;

-поддршка на спортски сојузи;

-следење на состојбата и прописите и давање мислење во областите на образованието(претшколско, основно и средно),културата,спортот, здравството,социјалната заштита и заштита на децата, предлага мерки и активности што треба локалната власт да ги преземе;

во рамките на законските надлежности;

– координирање на работите помеѓу локалната самоупрва и примарното здравство, социјалната заштита и другите јавни дејности предвидени со Законот за локална самоупрва.

-следење на функционалноста на објектите на установите во овие области;

– предлагање на мерки и активнасти што треба Советот и Градоначалникот да ги превземат;

– информатичко технички работи;

– следење на развојот на информатичката технологија и нејзиното вклучување во функционирањето на општината,

– работи за возниот парк и други помошно-технички работи;

– и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност согласно законите и другите прописи.