Почетна » Градоначалник » Надлежности

Надлежности

Член 61

Градоначалникот се избира секоја четврта година, на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со законот со кој се регулираат локалните избори.

Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Градоначалникот ги врши своите надлежностите во рамките утврдени со закон и овој Статут .

а) Надлежности на Градоначалникот 

Член 62

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

1.Ја претставува и застапува Општината;

2.Ја контролира законитоста на прописите на советот;

3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на Општината;

4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;

5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;

6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;

7. Го предлага годишниот буџет и Годишната сметка на буџетот на општината;

8. Го извршува Буџетот на општината;

9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;

10. Редовно го известува советот за извршувањетона своите надлежности во согласност со Статутот;

11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;

12. Донесува Правилник за систематизација на работните места на оопштинската администрација;

13. Раководи со општинската администрација;

14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите навработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;

15. Обезбедува правилно и законито користрње, оджување и заштита на сопственоста на општината во согласност со закон и Статутот;

16. Врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.

Член 63

Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот , а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Општината , без право на одлучување .

Градоначалникот може да определи и свои претставници кои присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот , неговите комисии и посебните тела на Општината .

Член 64

Градоначалникот по сопствена иницијатива и по барање на Советот , го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност .

Член 65

Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин .

Член 66

Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините .

Член 67

Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство .

Решението од став 1 на овој член градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата .

Решението од став 1 на овој член се објавува во “ Службен гласник на Општина Крушево ”.

За настапувањето на спреченоста или отсуството , градоначалникот го известува претседателот на Советот и членот на Советот кој ќе го заменува .

Член 68

Градоначалникот ги објавива прописите на Советот во Службен гласник на општината.

Член 69

Ако Градоначалникот смета дека прописот на Советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од 7 (седум) дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото објавување, со кое ќе ги образложи причините за запирањето.

Советот е должен, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на решението од ставот 1 на овој член, да го разгледа решението и да одлучи по него.

Ако Советот го потврди прописот, Градоначалникот е должен да го објави и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Р.Македонија.

За иницијативата од ставот 3 на овој член Градоначалникот е должен да го информира Министерството надлежно за врешење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.

  б) Конфликт на интереси на Градоначалникот

 

Член 70

Градоначалникот не може да биде именуван за член на во надзорни, управни и контролни органи на трговски друштва и јавни служби.

Градоначалникот не може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.

Градоначалникот е должен да го информира Советот за интересот од ставот 2 на овој член.

Во случаите од ставот 2 на овој член одлучува еден од членовите на Советот избран на начин на кој се избира Претседателот на Советот.

 

 в) Престанок на мандатот на Градоначалникот

 

Член 71

На Градоначалникот му престанува мандатот по сила на Закон:

  • ако поднесе оставка;
  • во случај на смрт;
  • ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над 6 месеци;
  • ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
  • ако настапи случај на неспојливост за вршење на функцијата согласно со Законот за локални избори;
  • во случај на неоправдано отсуство подолго од 6 месеци и
  • ако престане да биде жител на општината.

За оправданоста на отсуството од ставот 1 алинеја 6 на овој член одлучува Советот со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот.

Членот на Советот кој го заменува Градоначалникот, во рок од 15 дена од денот на настапувањето на еден од случаите од ставот 1 на овој член е должен за тоа да го извести Министерството надлежно за работите што се однесуваат на локалната самоуправа.

Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа, во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето од ставот 3 на овој член ја известува Владата на Р.Македонија, која во рок од 1 месец од денот на приемот на известувањето, констатира дека настапил еден од случаите од ставот 1 на овој член и истовремено иницира постапка за распишување нови избори за Градоначалник, во согласност со Закон.

Советот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Одлуката на Владата од ставот 4 на овој член, ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ја врши должноста на Градоначалникот за периодот до изборот на нов Градоначалник, на начин на кој се избира Претседателот на Советот.

На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за времето на вршењето на должноста Градоначалник во соглсност со ставот 5 на овој член.

Изборите од ставот 4 на овој член нема да се спроведат доколку до новиот изборен период има помалку од 6 месеци.

(Статут на Општина Крушево)